• петок, 20 декември 2024

Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година

Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година

Лондон, 20 декември 2024 (МИА) - Лекувањето на ракот на британскиот крал Чарлс Трети ќе продолжи и следната 2025 година, велат за „Скај њуз“ (Sky News) извори од Бакингемската палата.

Од Дворецот известуваат дека лекарите се оптимисти за здравјето на кралот.

Надлежните во февруари објавија дека на кралот му бил дијагностициран рак и дека почнува со лекување.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан