• среда, 27 ноември 2024

Леклер: Трофејот во конкуренција на конструктори е реална цел за Ферари

Леклер: Трофејот во конкуренција на конструктори е реална цел за Ферари

Лондон, 29 октомври 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека се реални шансите за освојување на шампионатот во конструктори по двојната победа во САД и двојниот подиум во Мексико.

- Генерално, многу позитивен викенд за Ферари, малку помалку позитивен за мене лично. Не бев најдобар, но Карлос Сајнц имаше совршен викенд од првиот круг на првиот тренинг до последниот круг на трката. Бев во неповолна положба бидејќи го пропуштив првиот тренинг. Се разбира, трофејот во конкуренција за конструктори треба да биде нашата цел. Не мораме да размислуваме за тоа секој ден, и мислам дека најдобриот начин е да се фокусираме на себе, да се обидеме да извадиме максимум од болидот. Попрво можеме да се потпреме на себе отколку на грешките на противниците. Ако зборуваме за пласманот кај возачите, јас треба сам да направам се како што треба, а исто така ми треба многу лоша среќа од моите противници. Така, се разбира, шампионатот во конструктори е главна цел и ако ја одржиме формата, тоа ќе биде реално, заклучи Моначанецот.

По резултатите на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико Сити, Скудерија ја зазеде втората позиција во шампионатот, разликата од Мекларен е намалена на 29 поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан