Леклер: на ЗОИ можам да се натпреварувам во боб
- Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откри во кој настан би можел да се натпреварува на Зимските олимписки игри.
Маранело, 12 февруари 2026 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откри во кој настан би можел да се натпреварува на Зимските олимписки игри.
- Мислам дека во боб. Во оваа дисциплина има еден возач и четири членови од екипажот – туркачи. Ќе ми требаат момци поголеми од мене, но јас би бил возач. Во тоа сум добар, изјави Леклер за веб-страницата на Ферари.
Првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1, Големата награда на Австралија, ќе се одржи во Мелбурн од 6 до 8 март.
Олимписките игри 2026 во Милано и Кортина д'Ампецо ќе траат до 22 февруари. зс/
Фото: ЕПА