• сабота, 23 ноември 2024

Лекарот на Бајден: Претседателот добро закрепнува од коронавирусот

Лекарот на Бајден: Претседателот добро закрепнува од коронавирусот
Вашингтон, 24 јули 2022 (МИА) - Лекарот на Џо Бајден изјави дека американскиот претседател добро заздравува од коронавирусот. - Претседателот реагира на терапијата како што очекувавме, истакна д-р Кевин О’Конор. На Бајден му беше препишан Паксловид, лек кој ја намалува можноста за развој на тешка форма на Ковид-19. Бајден на 21 јули му беше дијагностициран Ковид-19. Тој е инфициран со варијантата БА. 5 на сојот Омикрон. Пред да се разболи, со него биле во близок контакт 17 луѓе, а досега ниту еден од нив не е заразен со Ковид-19. ми/

Остани поврзан