• сабота, 23 ноември 2024

Лекари без граници истоварија 367 мигранти на брегот на Сицилија

Лекари без граници истоварија 367 мигранти на брегот на Сицилија
Рим, 28 октомври 2021 (МИА) - По неколкудневно чекање, меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници (МСФ) истовари 367 мигранти на брегот на Сицилија.
Бродот за спасување на море „Гео Баренц“ се закотви во пристаништето во Палермо доцна во средата.
Мигрантите на бродот, меѓу кои, според хуманитарците, има 172 деца, биле тестирани за коронавирус, а потоа биле распоредени во кампови и во карантин.
Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо го пречека бродот во пристаништето, објави новинската агенција АНСА.
Бродот чекаше одобрение за да тргне кон пристаништето од минатиот викенд. „Нема зборови за да се изрази радоста и олеснувањето на бродот“, напишаа Лекари без граници на Твитер. Многу мигранти се упатуваат кон северниот брег на Африка и се качуваат на бродови за да стигнат до Европската унија. паг/    

Остани поврзан