• среда, 13 ноември 2024

Лекари без граници: Едно дете умира секои два часа во кампот Замзан во Судан

Лекари без граници: Едно дете умира секои два часа во кампот Замзан во Судан

Дубаи, 5 февруари 2024 (МИА) - Најмалку по едно дете умира на секои два часа во суданскиот камп Замзам, еден од најголемите и најстарите кампови за раселени лица во Судан, соопшти денеска добротворната организација Лекари без граници (МСФ).

-Пред да почне конфликтот во април минатата година, луѓето во кампот многу се потпираа на меѓународната поддршка за храна, здравствена заштита, чиста вода и сè друго. Сега тие се речиси целосно напуштени, рече Клер Николет, директорка на Лекари без граници. 

Николет побара од меѓународната заедница итен одговор за критичната ситуација во која се најдоа раселените лица во кампот Замзам во Судан. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан