• четврток, 26 декември 2024

„Лекари без граници“ го повикаа Израел да ги запре нападите врз Рафа

„Лекари без граници“ го повикаа Израел да ги запре нападите врз Рафа

Париз, 8 мај 2024 (МИА) - Извршната директорка на меѓународната хуманитарна организација„Лекари без граници“ (MSF), Аврил Беноа, денеска изјави дека израелскиот воен напад врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од 1,5 милиони цивили, жители и раселени лица, се заробени на мало парче земја, ризикува тоа место да се претвори во гробишта.

„Седум месеци бевме сведоци на неселективно убивање на цивили, напади врз хуманитарни работници - вклучувајќи го и нашиот персонал - уништување на медицински установи и опструкција на помошта за спасување животи. Не можеме да замислиме што би значело натамошната ескалација на овој конфликт за луѓето кои веќе страдаа толку многу во оваа војна без правила“, напиша Беноа на нејзиниот профил на мрежата X .

Таа го повика Израел веднаш да ги прекине своите напади, додавајќи дека натамошната воена ескалација ќе биде директен напад врз „заробената популација“.

„Воената ескалација во Рафа би ја задушила и онака кревката хуманитарна реакција во време кога растат здравствените и хуманитарните потреби“, изјави извршната директорка на „Лекари без граници“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан