• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лекари без граници: Газа стана масовна гробница за Палестинците

Лекари без граници: Газа стана масовна гробница за Палестинците

Женева, 16 април 2025 (МИА) - Појасот Газа стана масовна гробница за Палестинците и оние кои им помагаат, соопшти денеска невладината организација Лекари без граници.

-Сведоци сме на уништување и присилно раселување на целото население на Газа, изјави координаторката за итни случаи на Лекари без граници во Газа, Аманда Базерол.

Серијата смртоносни напади на израелските сили покажуваат дека „безбедноста на хуманитарните и медицинските работници во Газа е занемарена“, според невладината, чии 11 вработени се убиени од почетокот на војната на палестинска територија.

-Ги повикуваме израелските власти веднаш да ја укинат нехуманата и смртоносна опсада на Газа, да ги заштитат животите на Палестинците, како и животите на хуманитарниот и медицинскиот персонал и да соработуваат во повторното воспоставување и одржување на прекинот на огнот, се додава во соопштението на невладината организација. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан