• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лекари без граници: Во Јемен се зголемува неухранетоста, а се намалува хуманитарната помош

Лекари без граници: Во Јемен се зголемува неухранетоста, а се намалува хуманитарната помош

Женева, 19 март 2025 (МИА) - Хуманитарната организација Лекари без граници (MSF) денеска предупреди дека бројот на неухранети луѓе во Јемен се зголемува, а ситуацијата може дополнително да се влоши поради намалувањето на хуманитарната помош за земјата.

Во соопштението се нагласува дека веќе нема доволен капацитет за лекување на неухранетоста во Јемен и се бара зголемена помош за земјата.

Во Јемен има повеќегодишни борби меѓу јеменските бунтовници Хути, кои ги контролираат повеќето големи градови, вклучувајќи го и главниот град Сана, и владините сили поддржани од Саудиска Арабија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан