• петок, 27 декември 2024

Лекарите кои ќе издаваат уверенија за невиност во Франција ќе бидат казнети со една година затвор и 15.000 евра

Лекарите кои ќе издаваат уверенија за невиност во Франција ќе бидат казнети со една година затвор и 15.000 евра

Париз, 5 октомври 2020 (МИА) - Лекарите кои ќе издадат уверенија за невиност во Франција ризикуваат една година затворска казна и парична казна од 15.000 евра, според предлогот предвиден во идниот предлог-закон против „сепаратизмот“, јави дописникот на МИА од Париз.

Владата на почетокот на септември ја објави својата намера да ја забрани и казни контроверзната практика на уверенија за невиност, понекогаш потребна пред верски брак, како дел од законот што се подготвува и кој мора да помине во Советот на министри на 9 декември. Предложената кривична казна, како што стои во предлог-законот, е „една година затвор и парична казна од 15.000 евра“, соопшти Министерството за внатрешни работи, прецизирајќи дека новиот член ќе биде додаден на кодот за јавно здравје.

На оваа тема, во тек е дискусија за да се санкционираат и „нарачателите, родителите, свршеникот“, изјави Марлен Шиапа, министерка одговорна за граѓанството.

Таа исто така има намера да ги „забрани сертификатите за погодност кои немаат никаква врска со здравјето на лицето“: тоа се особено „сертификати наречени алергија на хлор“, кои „генерално се направени за млади девојки да не практикуваат спорт и пливање за време на задолжителната настава“. тг/

Остани поврзан