• среда, 25 декември 2024

Лекарите и државните службеници во Судан повикаа на генерален штрајк против воениот удар

Лекарите и државните службеници во Судан повикаа на генерален штрајк против воениот удар
Картум, 26 октомври 2021 (МИА) - Лекарите и државните службеници во Судан повикаа на генерален штрајк во знак на протест против воениот удар со кој беше соборена цивилната влада во понеделникот.
Тие ќе се повлечат од сите болници во земјата и ќе лекуваат само итни случаи, објави Централниот комитет на суданските лекари. Тие исто така рекоа дека целосно ќе се повлечат од воените болници.
Државните службеници во министерствата, цивилната заштита и централната банка најавија генерален штрајк во текот на ноќта.
Советот за безбедност на ОН денеска во Њујорк ќе одржи кризен состанок за воениот удар во Судан.
Суданскиот висок воен функционер, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан, во понеделникот објави дека членовите на цивилната влада се сменети и прогласена е вонредна состојба.
Не е познато каде е премиерот Абдула Хамдок, кој ја предводеше привремената влада со Ал Бурхан од август 2019 година. Според ОН, војската ја презела контролата врз главниот град Картум. Аеродромот, мостовите и државната телевизија паднаа во рацете на вооружените сили, а влезовите во градот се блокирани. паг/
 

Остани поврзан