• среда, 25 декември 2024

Лекарите во болницата „Ал Шифа“ во Газа одбија да се евакуираат

Лекарите во болницата „Ал Шифа“ во Газа одбија да се евакуираат

Газа, 13 ноември 2023 (МИА) - Лекарите во болницата „Ал Шифа“ во северниот дел на Газа ја отфрлија наредбата на израелските одбранбени сили (ИДФ) за задолжителна евакуација, бидејќи стравуваат дека околу 700 пациенти со висок ризик ќе умрат доколку ги остават, изјави денеска генералниот директор на Министерството за здравство во Газа, Мунир Ал Бурш.

-Проблемот не се лекарите, туку пациентите. И ако ги остават ќе умрат, а ако ги префрлаат ќе умрат по пат. Тоа е проблем, зборуваме за 700 пациенти. Досега немаше одговор од лекарите, но некои од раселените лица и семејствата веќе си заминаа, рече Ал Бурш, пренесе Си-Ен-Ен.

Директорот на болницата додаде дека наредбата за евакуација не била координирана со ниту една меѓународна хуманитарна агенција, како што е Меѓународниот Црвен крст, и дека недостатокот на координација предизвикува загриженост за безбедноста и изводливоста на трансферот на толку голем број пациенти, од кои многумина се во критична состојба.

Претходно денеска ИДФ соопшти дека повторно е отворен безбеден коридор за жителите на северот на Газа

Меѓународниот комитет на Црвениот крст вчера соопшти дека не може да потврди за каква било евакуација од болницата Ал-Шифа во северниот дел на Газа.

фото: МИА архива

Остани поврзан