• петок, 27 декември 2024

Легендарниот ракометен тренер Јохансон почина на 79-годишна возраст

Легендарниот ракометен тренер Јохансон почина на 79-годишна возраст
Халмштад, 9 мај 2022 (МИА) - Поранешниот капитен на шведската ракометна репрезентација и тренер Бенгт Јохансон, по период на боледување, почина на 79-годишна возраст, соопшти Шведската ракометна федерација. Како играч во репрезентацијата на Шведска тој има освоено четири титули и 83 настапи за националната селекција. Јохансон, како капитен, ја предводеше шведската машка ракометна репрезентација до, меѓу другото, две злата од Светскиот куп, четири злата на Европското првенство и три олимписки сребрени медали во периодот од 1988 до 2004 година. ар/сп/

Остани поврзан