• недела, 24 ноември 2024

Лев: Унгарија го „паркираше автобусот“, Англија ќе игра на домашен терен и ќе сака да напаѓа

Лев: Унгарија го „паркираше автобусот“, Англија ќе игра на домашен терен и ќе сака да напаѓа
Лондон, 25 јуни 2021 (МИА) - Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар со Англија во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2020. -Не сум загрижен, тоа ќе биде сосема поинаков натпревар. Унгарија го паркираше автобусот - сите беа зад топката. Против Англија работите ќе бидат поинакви. Тие играат дома и сакаат да напаѓаат. Натпреварот ќе биде отворен, поотворен отколку против  Унгарија. Треба да додадеме, свесни сме за ова. Потребно е повнимателно да се справуваме со топката и да бидеме повнимателни воопшто, особено во позициска игра. Истите грешки не можат да ни се повторат против Англија. Но, тоа ќе биде поинаков натпревар и со нетрпение го очекуваме, изјави Лев. Натпреварот Англија – Германија е закажан за 29 јуни во 18 часот на „Вембли“ во Лондон. зс/

Остани поврзан