• четврток, 26 декември 2024

Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации

Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Ракометната Федерација на Македонија денес соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот директор на машките и женските репрезентации Левче Китевски. Двете страни взаемно се спогодија за прекин на соработката. - Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации, стои во известувањето на РФМ. Китевски како директор на ракометните репрезентации работеше во периодот јуни 2020 – мај 2022 година. зс/

Остани поврзан