• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Работници во прилепски рудник без заштита за време на пандемија

Левица: Работници во прилепски рудник без заштита за време на пандемија
Скопје, 27 март 2020  Ситуацијата во најголем дел од прилепските фирми станува алармантна. Секојдневно добиваме дојави за крајно опасен и несериозен пристап и кршење на практиките за самозаштита при работа во услови на пандемија. Вработените во рудникот во село Присад (Прилеп) загрижени за своето здравје нѐ известија дека пред само десетина дена се донесени работници од Турција, кои без никакви прегледи и без почитување на задолжителниот период за самоизолација, без никаква заштитна опрема работат заедно со прилепските рудари! Прилепските рудари за кои уште одамна се побарани заштитни маски, очила, средства за дезинфекција и сл. и по десет дена молби фирмата нема набавено ни обичен сапун за раце. Со тоа сите вработени, нивните семејства и пошироката околина се изложени на огромен ризик за пренос на КОВИД-19, и истовремено се прекршени повеќе одредби и закони. Се работи за рудник во сопственост на турската инвестиција „Фимар Балкан”. Нашиот правен тим работи секојдневно пријавува до сите надлежни институции за прекршоците, а воедно ги повикува работниците како најзасегната страна анонимно да пријават било каков прекршок од страна на фирмите и компаниите, со што би можеле итно да реагираме во нивен интерес и во интерес на јавното здравје. Политичка партија Левица _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан