• среда, 20 ноември 2024

Левица: Шукова и Касами да одговараат како издале Б еколошка дозвола за изгорениот магацин во Тетово

Левица: Шукова и Касами да одговараат како издале Б еколошка дозвола за изгорениот магацин во Тетово

Скопје, 28 ноември 2023

Изгорениот магацин во тетовско Фалише предизвика огромна еколошка катастрофа и аерозагадување, а локалните жители, освен во димот и загадувањето, останаа заробени и во апсурдот на неспособноста и неможноста на владејачката елита да го измери степенот на загадување. Bo големиот пожар што избувна во магацин на фирмата „Евроком“ изгореа 100 тони пластика, бои и лакови.

Вработени од Министерството за животна средина излегоа на терен само за да констатираaт дека е ,,евидентно загадувањето на воздухот“, но дека тоа не може да се измери, бидејќи НЕМА Државна лабораторија co акредитирана метода. Односно, Државниот автоматски мониторинг мерел само загадување од испарливи неоргански материи.

Министерката за животна средина, Каја ШУКОВА и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов дадоа само препораки да не се излегува од дома и прозорците да бидат затворени, додека Тетово и околината со денови беа алармантно загадени, а неколку пожарникари беа и полесно повредени при гаснењето на огнената стихија.

#Левица ИТНО бара одговори од градоначалникот на Тетово - Билал Касами, Министерството за животна средина и од Државниот еколошки инспекторат да се произнесат под кои услови дозволиле и издале Б интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина за складирање толку голема количина на лесно запаливи и токсични материи, без соодветен безбедносен проект од евентуални хаварии и без задоволителен противпожарен безбедносен систем.

ПП Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан