• вторник, 24 декември 2024

Левица формира Aнтифашистички фронт на жените

Левица формира Aнтифашистички фронт на жените

8 март 2023 

Ја известуваме јавноста дека на денешната редовна седница на Президиумот на Левица, беше усвоена Одлука за формирање на ново партиско тело - Антифашистички фронт на жените.Борбата за еманципација на жената, како и трудот на жената во домот и општеството, создава подобар свет - рамноправен, праведен и слободен.Традицијата на борбата за правата на жените, како изворно вкорената во интернационалното социјалистичко движење, неминовно е поврзана со борбата против капитализмот - класната борба и борбата за ослободување на жената се битки кои мора да се водат паралелно.Нашата организација на жени, како Антифашистички Фронт на Жените - АФЖ, ќе има за цел да го ослободи женското движење од неговата сегашна испреплетеност со неолиберализмот.Оттука, нашите активности ќе бидат насочени кон актуелизирање на феминистичките идеи, кои некогаш беа дел од еден радикален светоглед; идеи и активности кои ќе ја приоретизираат социјалната солидарност наспроти претприемаштвото; валоризација на грижата за заедницата и меѓузависноста наспроти индивидуалниот напредок - организирање на жените, не како слуги на неолиберализмот, туку како негови најжестоки противници.Традицијата на Народно-ослободителната војна против фашизмот, која гордо ја носиме и инспирацијата која оваа традиција ни ја дава, ние, како жени Македонки, силно застануваме во одбрана на македонските национални интереси и правото на самоопределување на македонскиот народ!

 

Политичка партија Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан