Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години
- СООПШТЕНИЕ - Владеењето на ДПМНЕ, СДС И ДУИ изминативе триесет години го доведе до крах Фондот за пензиско осигурување. Институцијата која обезбедуваше сигурна егзистенција на работниците години наназад се одржува со финансиски интервенции од државниот Буџет. За финансиските дупки кои се појавија во Фондот, изминативе триесет години ниту еден политичар на владејачката елита не поднел одговорност.
Скопје, 2 декември 2024
Владеењето на ДПМНЕ, СДС И ДУИ изминативе триесет години го доведе до крах Фондот за пензиско осигурување. Институцијата која обезбедуваше сигурна егзистенција на работниците години наназад се одржува со финансиски интервенции од државниот Буџет. За финансиските дупки кои се појавија во Фондот, изминативе триесет години ниту еден политичар на владејачката елита не поднел одговорност.
Фискалниот совет, по однос на Фискалната стратегија (2025-2029) до Собранието достави мислење со кое бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. За стратегијата што ја усвои владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за остварување на право за пензија на мажи и жени се помести на 67 години. Доколку десничарската логика на експлоататорската Влада, посегне по ваква пензиска политика, неминовно од македонските работници ќе создаде слуги на капиталот, кои робуваат во своите животи за нивните имоти.
Левица, остро и недвосмислено се спротивставува на мислењето на Фискалниот совет во врска со Фискалната стратегија (2025-2029). Македонија е социјална држава и нема да дозволиме ниту една институција или пак Владата предводена од ДПМНЕ или било која друга, од македонскиот работник да создаде робови на нивните капитали. Дрскоста на партиските паразити ухлебени во државните институции нема да го спречи народниот револт да ги исфрли од истите.
Оттука, ја предупредуваме оваа, како и секоја идна Влада да не си игра со маката на работниот народ. Доколку сакаат интервенираат во ФПИОМ, тогаш нека почнат од нивните функционери кои го доведоа во ваква состојба! Повикуваме, Фискалниот совет да ги преиспита своите мислења. Потребно е спроведување стратешки политики во реалниот сектор кои ја подобруваат положбата на работниците, во спротивно бранот на иселување на млада и стручна работна сила нема да биде спречен, а со тоа нема да се спречи и намалувањето на придонесот во ФПИОМ.
Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.