• среда, 25 декември 2024

Левица учествуваше на светски самит во организација на Комунистичката партија на Кина

Левица учествуваше на светски самит во организација на Комунистичката партија на Кина

Скопје, 15 март 2023 

Денес, 15 март 2023 година, претседателот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија – проф. д-р Димитар Апасиев, учествуваше на Светскиот самит на Комунистичка партија на Кина, кој се одржа под мотото: „КПК ВО ДИЈАЛОГ СО СВЕТСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ“.
Настанот се одржа преку дигитална конекција на над 600 политички партии и нивните лидери, во повеќе од 160 држави во светот.
На отворањето на настанот, од седиштето на КПК во Пекинг, свечено се обрати Генералниот секретар на Централниот комитет на КПК и претседател на Народна Република Кина – Си Џинпинг, а по неговиот воведен говор следеа и говори на повеќе лидери на партии, држави и влади од целиот свет: Николас Мадуро (Венецуела), Даниел Ортега (Никарагва), Кирил Рамафоза (Јужно-африканска Република), Александар Вучиќ (Србија) и многу други регионални лидери.
  
На светскиот состанок, кој се одржа на највисоко ниво, се отворија важни теми за: потребата од надминување на постоечкиот западнистички неолиберален поредок; справувањето со новите геополитички предизвици; мирољубивата коегзистенција и интернационалната соработка меѓу народите; иницијативата „Појас и Пат“; модернизацијата на земјите преку одржлив раст и развој и почитување на нивниот национален суверенитет; вложувањата во инфраструктурата; справување со сиромаштијата и еколошките предизвици; опоравувањето од Ковид кризата и неизбежното раѓање на еден нов и поправеден мултиполарен свет.
 
Политичка партија Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото:МИА архива

  
 

Остани поврзан