• среда, 25 декември 2024

Левица: Таравари и Фатмир Меџити добија функции додека ДПМНЕ ги обвинуваше за куќите во Тафталиџе

Левица: Таравари и Фатмир Меџити добија функции додека ДПМНЕ ги обвинуваше за куќите во Тафталиџе

Скопје, 28 јуни 2024 

 
Новата Влада само ги замени позициите на Министерот и директорите на јавните здравствени установи во државата, па така, наместо очекуваните нови лица во руинираниот здравствен систем, назначени се лица кои имаат огромен политички багаж и низа на скандали позади себе!
 
Арбен Таравари, актуелниот градоначалник на Општина Гостивар, кој според ДКСК е соучесник во изградбата на повеќе дивоградби, всушност, веќе еднаш беше министер за здравство во Владата на СДСМ и Заев пред шест години. Тој ја проблематизираше најавената изградба на Клиничкиот центар во Скопје и ја прекина изградбата на Клиничката болница во Штип! Токму сегашната власт, предводена од Мицкоски, во минатото го прогласи ТАРАВАРИ за НАЈЛОШ министер за здравство.
 
Наместо истрага за катастрофално работење, досегашниот министер за здравство од Владата на СДС, ДУИ и АА - Фатмир МЕЏИТИ, ќе стане директор на Клиниката за неврологија во Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди. Токму ДПМНЕ ги обвинуваше Таравари и Меџити за политичка КОРУПЦИЈА и дека добиле куќи во Тафталиџе како подарок од ДУИ за влез во Влада! 
 
За време на неговиот мандат е обзнанен и скандалот со крадење на цитостатици од Клиниката за онкологија, за што постојат наводи кои потврдуваат негово соучесништво, а за кое обвинување зборуваше тогашната пратеничка на ДПМНЕ, а сега директор на Клиниката за неврологија - Рашела Мизрахи.
 
Меџити беше главен виновник и ја назначи директорката на Клиниката за токсикологија, која не знаеше македонски јазик и одеше на работа со преведувач. Токму ДПМНЕ го обвинуваше Меџити за непотизам, затоа што во својот кабинет ги вработил сестрата и братот на неговата сопруга.
 
Потсетуваме дека Меџити ги остави младите лекари без задолжителна пракса, во периодот кога владата чиј член, предложи предлог-закон кој им дозволува на здравствените работници да се пензионираат на 67 години. Левица го блокираше овој штетен закон сè додека младите лекари не добија задолжителна пракса во јавните здравствени установи за примарна здравствена заштита низ државата.
 
Уште во првите денови, новата влада на ДПМНЕ покажа дека нема политичка волја за ставање крај на корупцијата во здравството и иницирање одговорност за досегашното катастрофално менаџирање. 
 
На македонското здравство му се потребни стратешки кадровски промени кои ќе ги задржат младите лекари во Република Македонија. Тенденциозното уништување преку партизираните кадровските поставки во јавното здравство ја намалува довербата во истото. Здраствените услуги стануваат сè  понедостапни за работниот народ, додека паралелно, за сметка на уништување на јавното здравство, се зголемуваат профитите во приватните болници.

 

ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан