• среда, 18 декември 2024

Левица со поддршка за утрешните протести организирани од синдикатите

Левица со поддршка за утрешните протести организирани од синдикатите

Скопје, 30 април 2024

🚩 Во пресрет на 1 Мај, Левица, како единствена Партија на трудот, дава поддршка на утрешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија. 
 
✊️ Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатство за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците.
 
Левица има најопсежна и суштинска програма за трудовата политика, како ваша Партија - партија на работничкиот народ. Ни треба суштинска промена, не лажна козметика, и тоа:
 
- 6 часовно работно време;
- Укинување на договорите на определено време;
- Зголемување на минималната плата на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница;
- Задолжителна исплата на платите до секој седми во тековниот месец;
- Задолжителна дупла дневница за работа за викенди и празници;
- Повторно учество на работниците во Управните одбори на претпријатијата;
- Проширување на дефиницијата за професии со бенифициран стаж за трудово интензивни професии;
- Здравствено осигурување и во случај на неисплатени плати и неплатени придонеси од страна на работодавците;
- Воведување на дополнително татковско отсуство, за новородено дете и
​​​многу други мерки кои ќе го вратат вашето достоинство.
 
📢 Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо! 
 
Пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце!

ПП Левица

_________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан