Левица: Скандалозни законски измени - ДМПНЕ го отвора патот за пљачка на државната каса
- СООПШТЕНИЕ - Предупредувањата на Левица се остваруваат – бизнис-елитистичките партии како ДПМНЕ, СДС и ЗНАМ ја уриваат државата! Новата Влада ги покажува вистинските намери: криминално прелевање на буџетските пари во џебовите на партиските елити и олигархијата! ДПМНЕ го скрои планот за уништување на контролата над јавните набавки!
Скопје, 16 декември 2024
Предупредувањата на Левица се остваруваат – бизнис-елитистичките партии како ДПМНЕ, СДС и ЗНАМ ја уриваат државата! Новата Влада ги покажува вистинските намери: криминално прелевање на буџетските пари во џебовите на партиските елити и олигархијата! ДПМНЕ го скрои планот за уништување на контролата над јавните набавки!
Имено, со предлог измените на Законот за јавните набавки од група пратеници на ДПМНЕ, се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки, со што сериозно се уназадува заштитата од корупција и тоа само по еден месец откако Општините потпишаа договор за 274 проекти кои ќе ги финансира централната власт со парите од унгарскиот кредит. Поголемиот дел од нив се однесуваат на стоки и услуги кои градоначалниците ќе треба да ги набават токму преку тендери.
Наместо зајакнување на постоечката каква-таква централизирана контрола над тендерските посапки, сега Бирото за јавни набавки само про-форма ќе ја проверува тендерската документација, без воопшто да го надгледува текот на тендерската постапка.
Воедно се предлага и целосно промена на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки, со јасна намера за поставување на партиски послушници на новата владина гарнитура. Притоа, се поедноставуваат и законски критериумите кои новите членови на Комисијата треба да ги задоволат, и сега, наместо потврда за познавање странски јазик, доволно ќе биде само декларативно ‘активно познавање’ на странски јазик.
Освен ова, несфатливо и без никакво образложение се предлага укинување на обврската на Бирото за јавни набавки за јавни објавување на мислења и упатства за примената на одредбите од Законот за јавните набавки, со што се загрозува правната сигурност на граѓаните и усогласената и правилната примена на законот значително се отежнува. Ова претставува уште еден елемент од овој криминален обид за кроење на регулативата во корист на корумпираните државни функционери и нивните криминални спонзори.
Овие измени не се ништо друго освен алатка за криминалната структура на новата власт. Како и нивните претходници од СДС-ДУИ, и новата гарнитура продолжува со истиот модел на коруптивно владеење, партизација на институциите и грабеж на јавните пари, кои граѓаните ги плаќаат преку осиромашување и економска бесперспективност. Потсетуваме, сето ова во услови кога корупцијата и криминалот против јавните финансии се казнуваат минимално поради одредбите на Кривичниот законик кои СДС лани ги изгласаа со кворум на пратениците на ДПМНЕ.
Левица останува доследна во својата борба против корупцијата и партизацијата на институциите па така во Собранието жестоко ќе се спротистави на овој дрзок обид за олеснување на местењето тендери.
Левица
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.