• четврток, 26 декември 2024

Левица: Се зголемуваат капацитетите на противпожарната служба во град Скопје

Левица: Се зголемуваат капацитетите на противпожарната служба во град Скопје
Скопје, 31 март 2022 Денес, на седницата на Советот на град Скопје, беа изгласани три одлуки за набавка, со кои ќе се унапреди и зголеми капацитетот на Противпожарната бригада на Град Скопје. - Набавка на две специјални противпожарни возила – автоцистерни; - Набавка на пумпа за теренско возило со притисок; - Набавка на едно специјално противпожарно навално возило; Низ изминативе години, преку спроведувањето на нео-либералните политики и приватизацијата, јавните и државни капацитети на институциите континуирано беа девастирани. Политики кои доведоа до драстичен пад на квалитетот и обемот на пружање на јавните услуги. Со ова, претпријатијата се доведени до состојба да најголемиот дел од услугите ги обезбедуваат преку ангажирање на приватни фирми и надворешни лица, состојба што доведе до појава на енормна корупција и богатење на мал број луѓе на штета на јавниот интерес и јавните средства. Советниците на Левица во градското Собрание и понатаму ќе се залагаат за политики кои ќе имаат за цел зголемување и унапредување на капацитетите на јавните претпријатија и градските служби – за да истите самостојно на што поефективен и ефикасен начин ги извршуваат надлежностите, а со цел подобрување и унапредување на услугите кои ги пружаат на граѓаните. Политичка партија Левица ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан