• четврток, 26 декември 2024

Левица против Гаши со претставка до Антикорупциска комисија

Левица против Гаши со претставка до Антикорупциска комисија

Скопје, 27 септември 2024

- Левица поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за претседателот на Собранието, Африм Гаши! Тој во својство на службено лице ја злоупотребил својата положба ненаменски и за друго лице трошејќи државни средства така што во периодот од 7 до 10 јули 2024 година кога бил на неколкудневно службено патување во Вашингтон (САД), како дел од парламентарната делегација ја вклучил и својата сопруга.

Со тоа што ја зел во придружба сопругата во Вашингтон, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, со своето самоволие ги прекршил законските и подзаконски одредби за спречување на корупција и судир на интереси и водејќи се од лични, семејни, интереси дрско ја прекршил обврски за наменско трошење на јавните средства и забраната јавните средства да се користат за друго лице.

Јелиз Гаши иако не извршува никаква службена должност и таа во својство на сопруга на претседателот на Собранието, отпатувала и престојувала во Вашингтон (САД) на сметка на Собранието на Република Македонија.

Согласно со чл. 77, ст. 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси #Левица бара Гаши:

Да ја надомести висината на трошоците направени за неговата сопруга за време на службеното патување на начин што истите ќе ги уплати на сметката на Државниот буџет;
- Да биде соодветно парично казнет со глоба и да се покрене соодветна прекршочна постапка против него за негова одговорност.

Левица

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан