• среда, 18 декември 2024

Левица: Продолжува кршењето на работничките права во кујната во „Кромберг и Шуберт“

Левица: Продолжува кршењето на работничките права во кујната во „Кромберг и Шуберт“

Скопје, 13 декември 2024 
 
Пред одреден период, Левица го обелодени непочитувањето и кршењето на работничките права од страна на фирмата ,,Индустри Сервис" која ја подготвува храната за вработените во ,,Кромберг и Шуберт" и важи за блиска до Владата и Мицкоски.
 
Според изјавите на вработените кои нè контактираа во повеќе наврати, повторно им се врши притисок на вработените во кујната да не се потпишуваат во книгата за евиденција во викенди и празници. Воедно, им било соопштено дека не им следува никаков паричен надомест, бидејќи платата им е фиксна (500 евра), без разлика дали своите работни активности ги извршуваат во викенд, празник, трета смена или прекувремени часови. Со тоа, оваа фирма врши експлоатација врз работниците во кујната и грубо кршење на законите за заштита и права на работниците.
 
Според распоредот на вработените во кујната, некои оделе повеќе од една недела само во трета смена без никаков дополнителен надомест според закон каде што уште еднаш се докажува фактот дека се врши експлоатација врз вработените.
 
Според горенаведеното, како фактичка состојба се доказите од камерите во кујната во ,,Кромберг и Шуберт" и картиците за евиденција при влез во Фабриката.
 
Лажниот демант кој го испратија од ,,Индустри Сервис" во кој ја негираа ситуацијата е лицемерен кон вработените во целата фабрика!
 
Левица нема да се извини, туку ќе испрати повторно претставка до Државниот инспекторат за труд како надлежен орган за надзор и контрола на примената на законите и прописите во областа на трудот и правата на работниците.
 
Ова е голем срам за владата на ДПМНЕ која свесно ја угнетува работничката класа преку ,,Индустри Сервис" за лично профитерство на приватните компании.

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива

Остани поврзан