• вторник, 19 ноември 2024

Левица пред Уставниот суд ќе го оспори внесувањето етничка припадност во изводите

Левица пред Уставниот суд ќе го оспори внесувањето етничка припадност во изводите

Скопје, 30 мај 2023

Откако пратениците на  Левица, со 1300 амандмани, ефективно го блокираа внесувањето етничка припадност во лични карти, не престануваат обидите за дејтонизација од страна на антинародната влада. Иако само 20 држави во светот имаат етничка припадност во лични документи (од кои ниту една не е европска држава!), после неуставно воведените двојазични униформи, пасокизираната СДС забрзано ја спроведува Тиранската плаформа, во очаен обид да не ја загуби владината коалиција. 

Како што најави министерот од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, внесувањето етничка припадност во изводите ќе се реализира само со упатство, што претставува противуставна промена на подзаконски акт, при што директно се заобиколува Парламентот, како највисок законодавен орган! 

Јасно е дека ваквите големоалбански барања се резултат на недостиг на визија и програма за социјални и економски проекти, додека мнозинството Албанци, како и Македонците, масовно се иселуваат поради погубните политики на ваквите истрошени политичари. 

Потсетуваме дека во февруари 2021 година, евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека регулативата на ЕУ забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност. 

Оттука, јавно го прашуваме извршителот на Али Ахмети и октроиран премиер, Димитар Ковачески: Дали со воведувањето етничка припадност спротивно на ЕУ регулативата, владата на СДС и ДУИ директно ги загрозува европските интеграции на Македонија? 

Ја известуваме јавноста дека Левица ќе поднесе Иницијатива до Уставниот суд, со цел го оспори внесувањето етничка припадност во изводите, како противуставен потег, кој е спротивен на европските практики. Вакви трибалистички решенија се типични за конзервативни општества, со многу силна внатрешна поларизација, додека развиениот демократски свет одамна ги напуштил овие негативни практики. 

Политичка партија Левица

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан