• недела, 24 ноември 2024

Левица: Политика на агресивна асимилација повеќе не смее да се толерира

Левица: Политика на агресивна асимилација повеќе не смее да се толерира
Скопје, 15 февруари 2022 Негирањето на македонското малцинство во Бугарија и барањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, како „конститутивен“ народ, од страна на источниот сосед е само отворање на пандорината кутија по ова прашање. Идентично како од крајот на XIX и почетокот на XX век, Бугарија повторно го користи јазикот како најмоќно оружје за асимилација на Македонците! Овој пат во Албанија. Имено, бугарската фондација „Македонија“ и нивниот координатор за Албанија, Арнолд Мурати, најавија отпочнување на курс по бугарски книжевен јазик и литература за „бугарското малцинство“ во Албанија. Ваквата политика наведува на тоа дека Бугарија се обидува и македонскиот етникум во Албанија да го претстави како свој, а токму преку оваа програма прави обид да вклучи колку може повеќе Македонци и истите да ги претстави како свое малцинство. Постои реална опасност во догледно време Бугарија од Македонија да побара сопственото малцинство во Албанија да го признае како бугарско, истото барање да се претвори во предмет на преговарачката маса и истото да биде причина повеќе за вето. Покрај нужноста од заштита на македонското малцинство во Бугарија, државата итно мора да преземе конкретни мерки и за заштита на македонското малцинство во Албанија! Политика на агресивна асимилација повеќе не смее да се толерира, а решавање на овој проблем не смее да биде предоцна. Политичка партија ЛЕВИЦА _________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан