• вторник, 24 декември 2024

Левица: Подобрување на социјалниот статус на Ромите, дискриминацијата да биде надмината

Левица: Подобрување на социјалниот статус на Ромите, дискриминацијата да биде надмината

8 април 2023

Политичката партија Левица упатува искрени честитки по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите, и се солидаризираме со ромската етничка заедница во Република Македонија. Покрај сите системски предизвици, го поздравуваме фактот што сѐ поголем дел од ромската заедница се бори за признавање на нивните права и за уништување на сегрегацијата. Во Македонија и во Европа сегрегацијата на Ромите е вечен проблем кој има потреба од системски пристапи за етапно решавање.Ромите сѐ уште се соочуваат со дискриминација и изолација. Живеат во изолирани населени места и едноставно имаат отежнат пристап до образование и работни места. Ромската популација е најизложена на дискриминација по етничка основa. Левица се залага ваквата дискриминација да биде надмината преку делување за подобрување на свеста кај народот и преку законски регулативи за сегрегацијата да биде искоренета.Левица се залага и за подобрување на социјалниот статус на Ромите во Република Македонија првенствено преку подобрување на образованието, здравствените услуги, животниот стандард и културната разновидност.Редовно ги актуелизираме овие прашања за општествена интеграција на Ромите во Македонија преку институционалните механизми од општинските совети и републичкото Собрание!BAHTALO 8 APRIL!

Политичка партија Левица

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан