• недела, 24 ноември 2024

Левица: Повторната најава за изградба на ски-центарот на Царев Врв е за предизборни цели на СДСМ

Левица: Повторната најава за изградба на ски-центарот на Царев Врв е за предизборни цели на СДСМ

Скопје, 13 декември 2023

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се пофали со изградба на најголем балкански ски центар на Царев врв, на Осоговските планини. Со истиов проект, министерот се фалеше и при првото седнување на министерското столче во ова министерство, од 2017 до 2019 година.

Наменската посета на министерот Николовски на Центарот за развој на источниот плански регион, само за да каже дека наводно се обезбедени средства за овој проект, е маркетиншки предизборен трик со кој СДС се обидува да придобие гласови. За овој проект Николовски и во 2020 наводно имаше обезбедено средства, но тие потоа се пренаменија.

Го потсетуваме министерот Николовски дека во Македонија постојат десетици објекти кои функционираа како детски или работнички одморалишта, но истите се оставени да пропаѓаат. Такви се „Пелистер”, „Малешево”, „Титови пионери”, „Суви Лаки”, „Бунец”, „Страхил Андасаров”... кои можат да се обноват и стават во функција, наместо да најавуваат секоја година нови проекти, чија реализација никако да започне. Сите овие објекти се на најатрактивни туристички локации, а се оставени да пропаѓаат. Нивната внатрешноста е нем сведок на грабежите што се случувале во овие, некогаш репрезентативни одморалишта.

Сите спомнати објекти се во државна сопственост, а од 2014 година кога безуспешно биле ставени на продажба, Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се посочените објекти сѐ уште прави анализи и проценки за најсоодветно решение.

Наместо да се реконструираат државните капацитети, безидејната влада на СДС и ДУИ е насочена само како да ги распродаде објектите на приватни инвеститори по багателна цена, во духот на нивното транзициско минато.

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

Остани поврзан