• среда, 13 ноември 2024

Левица: Патарините да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните

Левица: Патарините да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните
23 ноември 2022  Јавното претпријатие за државни патишта од граѓаните по основ на патарини во вториот квартал годинава наплатило 12 милиони евра, односно 13.6% повеќе споредбено со истиот период од минатата година.Дополнително, во однос на минатата година зголемен е и приходот од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата за 3.48%.Пратениците од Левица во март месец поднесоа анти-кризен закон за олеснување на ефектите од економската криза, односно предложија намалување на цените на патарините за 50 отсто и одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.Но, ваквиот Предлог-закон беше одбиен од страна на 57 пратеници на корумпираните СДС и ДУИ.Иако приходите кои ги остварува ЈПДП треба да се користат за реконструкција на патиштата, одржување на инфраструктурата и патната сигнализација, ситуацијата на терен е: катастрофални патишта со кратери, несоодветни сигнализации, незавршени реконструкции и изградби на нови патишта, како и патишта опасни по безбедноста на граѓаните.Патарините треба да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните и нивната економска моќ. Недозволиво и крајно брутално е во ек на голема економска криза, која најсилно удира по џебот на граѓаните, да се дозволува профитирање на нивна штета и дополнително отежнување на нивната состојба со необјасниво најскапи патарини во регионот. Политичка партија Левица ______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан