• петок, 27 декември 2024

Левица: Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на езерото Младост

Левица: Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на езерото Младост

20 јуни 2024 

Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на Езерото Младост
 
Дали Велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување?  
 
Советниците на Левица - Велес денес го посетија Езерото Младост, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден.

Бараме од надлежните институции, Центар за јавно здравје, Републички инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институт за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на Езерото Младост; да потврдат дали водата на Езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во Езерото!

Политичка партија  Левица 

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан