• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците 

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците 

Скопје, 11 ноември 2024

Две недели жителите на Кочани бараат решение од властите против енормно загадениот воздух во градот. На народен протест, две недели го блокираат патот до депонијата, којашто е главен извор на загадувањето. Оправданиот народен револт го потврдува и фактот дека бројот на болни од респираторни заболувања и канцер во Кочани се зголемува.

Пратеникот од редовите на Левица - Борислав Крмов, го посети протестот неколку пати и изрази поддршка до борците за оваа битка. Во рамките на своите ингеренции, тој до Собранието поднесе информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух, проблемот со градската депонија во Кочани и побара итно да се најде пред пратениците на Седницата закажана во вторник.

Уставно загарантираното право на здрава животна средина е неспорно! Должност на државата е да го обезбеди истото. Оттука, барањата на жителите на Кочани се интегрален дел од документот доставен до Собранието, а пратеникот Крмов од пратениците и ресорниот Министер, ќе побара нивна примена и итно и неодложно разрешување на проблемот заради којшто граѓаните се со денови на улиците. 

 

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Левица

Остани поврзан