• среда, 25 декември 2024

Левица: За просперитетно лозарство и задоволни лозари потребна е национализација на најголемите винарски визби

Левица:  За просперитетно лозарство и задоволни лозари потребна е национализација на најголемите винарски визби

Скопје, 8 октомври 2024 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави откупните цени на винското грозје. Двете најзастапени сорти кај нас, Смедеревка и Вранец, како и годините претходно се со потценувачки ниски цени за лозарите. Откупната цена на Смедеревката е 18,3 денари, а на Вранецот е 20,8 денари со вклучена 25% маржа за лозарите. 

Иако премиерот Мицкоски и министерот Трипуновски летнаа во небо со кампања на сите провладини медиуми дека постигнале највисока откупна цена на винското грозје до сега, реалноста е сосема поинаква, а тоа е дека незадоволството кај лозарите е големо!

Соочени со екстремното жешкото време, недостаток на вода за наводнување на плантажите, недостигот на работна рака за берба на грозје, со овие цени на откуп и оваа година во позитива на крај ќе бидат само винариите и нивните сопственици олигарси. 
Да не заборавиме дека постоечкиот закон им дозволува на олигарсите да го исплаќаат откупеното грозје дури до април следната година и тоа без никаква финансиска гаранција за исплата.

Левица, како партија на работниот народ, останува на ставот дека законите во државата и досегашните власти им служат само на олигарсите и крупните феудалци во земјоделството. 
За просперитетно лозарство и задоволни лозари потребна е национализација на најголемите винарски визби, при што лозарите ќе имаат партнерски однос со винариите и ќе учествуваат во поделбата на профитот од продажбата на вината.

Со почит,


Сектор за медиуми и односи со јавноста на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан