• среда, 18 декември 2024

Левица: Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија

Левица: Двојазичните униформи се спротивни на мислењето на Венецијанската комисија

Скопје, 3 април 2023Поради стравот дека обидот за воведување на двојазични униформи со закон ќе биде блокиран од Левица, Владата на Ковачевски противуставно донесе скандалозна Уредба со која униформите на полицијата стана двојазични.Токму Законот за двојазичност беше оспорен од Венецијанската комисија при Советот на Европа, за што поранешниот премиер Заев изјави дека ќе биде земено во предвид поради евроинтегративните процеси.Венецијанската Комисија, изјаснувајќи се по Законот за употреба на јазиците, истакна дека Законот ги надминува европските стандарди во однос на правото на употреба на малцинските јазици и се оди предалеку со наметнувањена нереални законски обврски на државните институции.Во негативното мислење на Венецијанската комисија, опфатен е и делот со јазикот на службените униформи, каде е наведено дека повеќејазичните униформи се речиси непознат феномен (без разлика дали се работи за униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)!Иако изјавите по донесувањето на Законот за двојазичност гласеа дека Владата пред практичната употреба на истиот ќе побара мислење, а забелешките на Венецијанската комисијата ќе бидат спроведени – сепак добиеното негативно мислење од 2019 година тотално се изигнорира, во духот на диктаторското владеење на СДС и ДУИ.Потсетуваме дека единствено Левица се изјасни и ја оспори скандалозната Уредба за униформата и ознаките на униформата на полицијата пред Уставниот суд. Со воведувањето на двојазичните униформи, се погазија европските институции и повторно се докажа подреденоста на СДСМ во однос на ДУИ и нивните апетити за федерализација.Истовремено, преку молкот на Христијан Мицкоски се покажаа и калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ за идно формирање на влада со ДУИ, на сметка на унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица Политичка партија Левица

Фото:МИА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан