• петок, 08 ноември 2024

Левица: Дали спојувањето на ЦУК и ДЗС има намера да ја прикрие нивната неуспешна работа?

Левица: Дали спојувањето на ЦУК и ДЗС има намера да ја прикрие нивната неуспешна работа?

Скопје, 18 август 2024

По неуспехот од справување со пожарите кои непрекинато се активни повеќе од еден месец, Владата најави спојување на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Иако за овие институции се издвојувани буџетски средства и добивали проекти од различни фондови, сепак покажаа неспособност да се справат со проблемите за кои се создадени!

 Па така, според информациите достапни на веб страницата на ДЗС, можат да се најдат милионски проекти, добар дел од нив финансирани од меѓународни фондови и истите се однесуваат на повеќе држави, вклучувајќи ја и Македонија:
 
1. Проект за превенција од поплави и управување со РИЗИЦИ ОД ПОЖАРИ - вреден ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА (финансиран од ЕУ);
 
2. Интегрирана рамка за управување со ПРИРОДНИ ОПАСНОСТИ заснована на волонтери - вреден речиси ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА; 
 
3. Развивање и имплементирање на паметни и одржливи интегрирани Систем за УПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИ ПОЖАРИ во прекуграничната област - вреден речиси ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА (финансирано од ИПА II фондовите); 
 
4. Проект од Европската комисија за Национална проценка на ризик - вреден ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА;
 
Ова се само дел од проектите кои се директно поврзани со кризната ситуација со пожарите. На нивната официјална страница достапно е да се видат и други вакви милионски проекти! Ако се земе во предвид во каква криза е земјата поради неуспехот да се справиме со пожарите, повеќе од очигледно е каква е (не)реализацијата на овие милионски проекти! 
 
За степенот на реализација на овие проекти и што е имплементирано од иститие не може да се најде информација. Постојаното избивање пожари на различни локации укажува на тоталниот крах на проектите за проценка на ризик, превенција и управување со пожари.
 
Оттука се поставуваат прашањата: Дали воопшто и колкав дел од овие проекти се реализирани? Каква е нивната имплементација во пракса? И колкав дел од овие финансиски средства се потрошени?
 
Левица бара да се направи ревизија на сите овие проекти, да се потврди степенот на нивна реализација, со целосен преглед на финансиските извештаи. Спојувањето на ЦУК и ДЗС не смее да биде извршено без целосна ревизија врз работењето на нивните раководители сите претходни години. 
 
Дополнително, одговорност зошто проектите поврзани со спречување и превенција на пожари не даваат резултати, мора да има!

 

Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан