• среда, 27 ноември 2024

Левица: Дали со пожарот на Плакенска Планина во Демир Хисар се расчистува теренот за ветерници од приватен инвеститор

Левица: Дали со пожарот на Плакенска Планина во Демир Хисар се расчистува теренот за ветерници од приватен инвеститор

Скопје, 7 септември 2024

Република Македонија ова лето ја зафатија големи пожари а еден од најголемите беше на Плакенска Планина во демирхисарско, со кој локалните мештани од околните села заедно со надлежните институции, не можеа да се справат со денови.
На социјалните мрежи кружеа и видеа (види коментар) на кои се снимени огнени балони во воздухот над самата планина во касните вечерни часови, кои наведуваа дека планината се пали намерно и со причина.

Сега во јавноста излезе и елаборат изработен во 2023 година од извесен "Вертекс Енерџи" на кој детално се опишува планот на инвеститорот за изградба на Ветерен парк на самиот срт на Плакенска Планина - Ветерен парк "Вирово", Општина Демир Хисар.

На елаборатот детално се опишани и штетните последици по биодиверзитетот, квалитетот на воздухот, зголемена бучава во регионот кој негативно ќе влијае по населението и животинскиот свет, исто така, во елаборатот е прецизно наведено дека планината располага со бројни извори, притоки, водотеци и реки за кои ќе постои зголемена опасност нивно загадување!

Дали со палењето на планината се расчистува теренот за приватен инвеститор да може да си постави ветерници и произведената електрична енергија да и ја продава на државата, останува да видиме.

Левица само пред неколку денови предложи ЗАКОН со кој се предвидува 50 годишна забрана за било каква урбанизација, градење на објекти, поставување на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на опожарени подрачја, но Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ гласаа против!

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Левица


 

Остани поврзан