• среда, 13 ноември 2024

Левица го поднесе Предлог-законот за минимална плата предложен од ССМ

Левица го поднесе Предлог-законот за минимална плата предложен од ССМ
Скопје, 27 јануари 2022 На денешната прес-конференција, пратеникот Борислав Крмов објави дека политичката партија Левица го поднесе до Собрание предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, кој е доставен од Сојузот на синдикати од месец декември. „Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за минимална плата, кој што е предложен од Сојузот на синдикати. Иако им било ветено дека овој предлог ќе биде донесен во јануари, тој сѐ уште не е усвоен. Целта на овој закон е минималната плата, која е 15.000 денари, да се донесе до 18.000 денари, што би било околу 60% од моменталната просечна плата. Со овој предлог се интервенира минималната плата цело време да не биде пониска за 60% од просечната плата. Потрошувачката кошница за декември била дури 35.000 денари, што значи денеска едно просечно четиричлено семејство со две минимални плати не може ни да се издржува.” - потенцира пратеникот Крмов.” Политичка Партија Левица __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан