• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Левица: Власта да почне со реформи и утре да го гласа предлогот на Левица за кривична одговорност за судиите

Левица: Власта да почне со реформи и утре да го гласа предлогот на Левица за кривична одговорност за судиите

Скопје, 23 февруари 2025

Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска седница ќе се најде и уште еден предлог на пратеничката група на Левица - дополна на Кривичниот законик со цел воведување кривична одговорност за судиите.

Ги повикуваме сите пратеници, особено владејачкото мнозинство, на утрешната седница на Собранието да ги поддржат овие разумни и неопходни предлози на Левица.

Воведувањето на кривична одговорност за судиите е неопходна за да се стави крај на децениската пракса на неказнивост, праксата каде корупцијата е правило, а а правдата исклучок. Судиите не смеат да бидат недопирливи!

Со години гледаме како политичките и бизнис елитите манипулираат со правниот систем. Мораме да се спротиставиле на судските мафијашки врски, да ја заштитиме правдата и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите.

Овој Предлог-закон е првиот чекор кон вистинска реформа во судството. Ги повикуваме сите пратеници, доколку се навистина против корупцијата, ако навистина се залагаат за правда - да го поддржат овој предлог.

Секој што ќе гласа против, или ќе се воздржи од гласање - ќе докаже дека е соучесник и дел од криминалот и корупцијата која ја гуши Македонија.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Фото: ПП Левица 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан