• петок, 27 декември 2024

Левица: Власта го премолчува извештајот од Советот на Европа којшто потврдува погазени права на Македонците во Бугарија

Левица: Власта го премолчува извештајот од Советот на Европа којшто потврдува погазени права на Македонците во Бугарија

Скопје, 15 октомври 2024 

Иронично е што додека ни се наметнува внесување на Бугари во нашиот Устав, Бугарија систематски ги игнорира правата на македонското малцинство! Ова е класичен пример на двојни стандарди, каде што европските вредности се применуваат селективно, на штета на нашата самоидентификација и суверенитет.

Најновиот извештај на Советот на Европа го потврдува тврдењето на Левица дека изминативе години во Бугарија не постои свест за правата на малцинствата, а Македонците систематски се обесхрабруваат да се самоидентификуваат. Сметаме дека политиката која ја води источниот сосед е системски осмислена репресија со цел асимилација на македонското малцинство.

Извештајот на Советот на Европа потврдува дека ова не е само удар врз правата на Македонците, туку и брутално кршење на основните човекови права загарантирани со повелбата на ООН, како и на принципите на ЕУ, за заштита на малцинствата. За жал, и по промената на квинслиншката Влада на СДС и ДУИ, новата Влада во име на „пријателството" и европските перспективи, ги премолчува неправдите кои се нанесуваат на Македонците во Бугарија.

Наместо исполнување на ветувањето за раскинување на штетниот „Договор за добрососедство“ со Бугарија и отфрлање на т.н. Француски предлог, ДПМНЕ целосно ретерира од своите предизборни позиции и опстојувајќи на политиката започната од СДС, преку реформирање на ревизионистичката историска комисија, продолжуваат да нанесуваат штета на националните интереси.

Левица повторно инсистира на раскинување на капитулантските квинслиншки договори! Се залагаме за јакнење на врските со македонското малцинство во соседните држави преку сестрана соработка и лобирање пред меѓународни организации.

Потребно е итно олеснување на процедурата за добивањето македонско државјанство на Македонците во соседните земји и обезбедување на поддршка од матичната земја, за решавање на нивните проблеми и заштита на нивниот статус.

Левица

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан