• четврток, 26 декември 2024

Левица: „Бауер Бг” која е под истрага за „Скопје 2014” ќе ја реконструира поранешната зграда на Комерцијална банка

Левица: „Бауер Бг” која е под истрага за „Скопје 2014” ќе ја реконструира поранешната зграда на Комерцијална банка

3 мај 2023

Контроверзната компанија „Бауер БГ” го доби тендерот од фантастични 6.596.488 милиони евра за реконструкција на поранешната зграда на Комерцијална банка, која изгоре во сомнителен пожар пред три години.

Mинатата година, OJO отвори истрага за фасадата на Владата (која беше дел од проектот Скопје 2014), при што управителот на „Бауер БГ” остварил имотна корист во износ од 484.654.000 денари - или речиси 7,9 милиони евра!
Дополнително, во април 2022 година, на управителот на фирмата Благој Димитров му беше изречена мерка притвор од 30 дена, додека јавноста уште нема информации во која фаза е истрагата за оваа компанија, која продолжува да го цеди државниот буџет. За опасноста од корупција говори фактот дека „Бауер БГ” минатата година по трет пат доби негативна референца од Бирото за јавни набавки и беше суспендирана од можноста да учествува на пријавените тендери.

Но, сите овие коруптивни скандали не го спречија директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата - Пеце Мирчески, тендерот од шест милиони евра да го додели токму на оваа компанија. Левица претходно јавно го прозва директорот Мирчески за сомнителниот пожар со поранешниот објект на Комерцијална банка, чие одржување е во негова надлежност.

Оваа градежна компанија стана позната за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, кога во 2015 година беше најголем добитник на тендери од Град Скопје. Тоа што оваа компанија продолжува да добива милионски тендери, додека Владата на СДС и ДУИ нема пари за лекови за пациенти, потврдува дека и СДС и ВМРО-ДПМНЕ се контролирани од истите бизнис моќници, кои често се донатори на овие партии.

И токму затоа, овие партии немаат капацитет да ги елиминираат неказнивоста и корупцијата, кои се рак рана за македонското општество - туку напротив, тие се главен генератор на ерозијата на институциите.

Партија Левица 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан