• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Левица бара кривична одговорност за Ганиу за уништување на културно наследство

Левица бара кривична одговорност за Ганиу за уништување на културно наследство

Скопје, 4 март 2025 (МИА) – Левица денеска побара кривична одговорност за градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, за, како што наведуваат оттаму, уништување на културно наследство. 

-Самоволието на ДУИ и натаму продолжува. Минатата недела, градоначалниот на општина Чаир, Висар Ганиу, помпезно промовираше уништување на заштитено културно наследство во Старата скопска чаршија, односно „поврзувачката порта на Бит-пазар со Старата скопска чаршија“, како што ја нарекоа од Општина Чаир. Во таа прилика Ганиу за медиумите арогантно изјави дека за оваа порта има одлука од Советот на Општина Чаир и не е потребна дозвола од Конзерваторски центар, стои во соопштението на Левица.

На изјавата од Ганиу, потсетуваат од Левица, се огласи директорката на Конзерваторскиот центар – Скопје, Љиљана Китановска, која потврди дека портата е бесправна градба, која никако не може да биде легализирана и дека треба да се преземат сите законски мерки за итно нејзино отстранување. Исто така, додаваат, од Конзерваторски центар побараа и кривично санкционирање на одговорните лица за бесправното градење.

-Дел од градбата се наоѓа во границите на контактната зона наречена Дуќанџик кој што се наоѓа во границите на споменичната целина Стара скопска чаршија и каде се применува режимот на заштита од прв степен, кој подразбира забрана за поставување градби на јавни простори и за нарушување на интегритетот на заштитената целина. Воедно, во важечкиот детален урбанистички план „Стара чаршија“, донесен во 1999 година со одлука на Советот на Општина Центар, не предвидува никаква градба на предметната локација, велат од Левица. 

Ова, според нив, значи дека поврзувачката порта поставена меѓу Бит-пазар и Старата чаршија го намалува културниот идентитет и уникатниот карактер на чаршијата, и според тоа веднаш треба да се отстрани. 

Левица апелира Министерството за култура, веднаш да реагира и да ја заштити чаршијата како симбол на Скопје од понатамошно деградирање, и да реагира на непочитување на законот и подзаконските акти. 

-Од коалицијата ДПМНЕ/ЗНАМ бараме да се покрене кривична одговорност за непочитување на законите и уништување на култирното наследство. Левица нема да дозволи и овој пат самоволитео на ДУИ да остане неказнето на сметка на ситнопартиските интереси, наведуваат од Левица. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан