• сабота, 23 ноември 2024

Леванте прв пат го порази Атлетико во Мадрид од 2006

Леванте прв пат го порази Атлетико во Мадрид од 2006
  Мадрид, 20 февруари 2021 (МИА) – Шпанскиот прволигаш Леванте, со македонскиот репрезентативец Енис Барди во составот од првата минута, го совлада вечерва како гостин лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид, со 2:0. Хосе Моралес во 26 минута и Хорге де Фрутос во петтата минута од судиското продолжение му го нанесоа првиот пораз на Атлетико на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид од декември 2019 година. За Леванте ова, воедно, беше прв гостински триумф во пресметките со Атлетико Мадрид од октомври 2006 година, кога славеше со минимални 1:0 во рамки на шпанскиот куп. Двете екипи втор пат неделава ги одмерија силите во Ла Лига, откако Леванте во средата со голот на Барди освои бод против тимот на Диего Симеоне, одигрувајќи 1:1. Леванте со ефект од седум победи, исто толку порази и десет нерешени натпревари во моментов е на осмото место во шпанското првенство со 31 бодови, 22 помалку од Атлетико Мадрид, кој остана на чело на табелата.ег/

Остани поврзан