• понеделник, 23 февруари 2026

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени

Лос Анџелес, 23 февруари 2026 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, постави нов рекорд во НБА-лигата. Тој ноќеска на натпреварот со Бостон селтикс на домашен терен одигра 34 минути и забележа 20 поени, пет асистенции и четири скока. По овој натпревар Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата кој надмина 43.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Неговото достигнување сега е 43.008.

Леброн вклучувајќи ги и плејоф натпреварите има вкупно 51.297 поени.

Инаку, Лејкерс го загубија натпреварот со Бостон со 89:111.

Тимот од Лос Анџелес се наоѓа на 5. место на табелата во Западната конференција со 34 победи и 22 порази. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан