• понеделник, 29 јули 2024

Леброн стигна до 10 000 скокови во кариерата

Леброн стигна до 10 000 скокови во кариерата
Лос Анџелес, 20 јануари 2022 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска на натпреварот со Индијана имаше 12 скока и со тоа ја достигна границата од 10 000 скока во кариерата. Џејмс стана 42-от кошаркар во историјата на НБА со 10.000 скока. Единствените активни играчи кои претходно имаат вакво постигнување се соиграчите на Леброн, Двајт Хауард и ДеАндре Џордан. Во исто време, Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата, кој успеал да постигне 30 000 поени,    10.000 скока и 9 000 асистенции во кариерата. Триесет и седумгодишниот Џејмс ја игра својата 19-та сезона во НБА. зс/

Остани поврзан