• сабота, 31 август 2024

Леброн стана седмиот играч во НБА-лигата што играл 50 натпревари од финалето

Леброн стана седмиот играч во НБА-лигата што играл 50 натпревари од финалето
Орландо, 1 октомври 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс уште еднаш го запиша своето име во историјата на НБА лигата. Неговиот тим рано утово го победи Мајами (116:98), а тој стана 7-ми играч во историјата на лигата што одиграл 50 натпревари во последната серија. Во случај пресметката со Мајами д атрае максимални седум меча, тогаш Џејмс ќе биде изедначен во овој индикатор со Карим Абдул-Џабар кој има 56 натпревари во финалето и се наоѓа на третото место. Лидер е Бил Расел со 70 финални средби. Леброн Џејмс се искачи на 5.место по погодени слободни фрлања, на второ по реализирани тројки и на четврто по број на „дабл-дабл“. зс/

Остани поврзан