• среда, 19 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Леброн: Ова е Лука на кој сме навикнати, извонредно опасен

Леброн: Ова е Лука на кој сме навикнати, извонредно опасен

Денвер, 23 февруари 2025 (МИА) – Големата НБА-ѕвезда Леброн Џејмс го пофали соиграчот во Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ за одличната игра во триумфот над Денвер ноќеска на гостински терен.

Првиот натпревар со 30 или повеќе поени од словенечкиот шпиц им помогна на Лејкерси да ја прекинат серијата од девет победи на противникот.

- Ова е Лука на кој се навикнавме во последните седум години. Посебно кога ќе почне да погодува од далечина. Извонредно е опасен. Одигра одлично, ја коментираше играта на Дончиќ Леброн Џејмс. 

Дончиќ натпреварот го заврши со 32 поена, 10 скока и седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан