• среда, 25 декември 2024

Леброн и Јанис ги избраа своите тимови за „Ол стар“ натпреварот

Леброн и Јанис ги избраа своите тимови за „Ол стар“ натпреварот
Чикаго, 7 јануари 2020 (МИА) - Леброн Џејмс знае колку е вреден Ентони Дејвис, па токму затоа го избра својот тимски колега на Лејкерс прв во „драфтот“ за Натпреварот на ѕвездите. Втора година по ред, Џејмс и актуелниот МВП на лигата, Јанис Адетекумбо, како капитени на двата тима во „Ол стар“ натпреварот ги избраа своите состави, избрани по гласовите на навивачите и тренерите во НБА. „Кралот“ ќе бара трета победа како капитен на 16 февруари во Чикаго. Како играч со најмногу гласови од фановите, Џејмс имаше можност да го направи првиот избор и не се двоумеше да го избере Дејвис. „Знам дека сите сте изненадени“, рече тој за време на изборот што се емитуваше директно на телевизија. Адетекумбо се запре на Камерунскиот центар Џоел Ембид, кој гонарече „мојот африкански брат“, за првиот избор. Потоа, Џејмс ја презеде ѕвездата на градскиот ривал, Л.А. Клиперс, Каваи Ленард, додека Адетекумбо, грчки државјанин со нигериско потекло, избра друг Камерунец, Паскал Сикам, од шампионот Торонто Рапторс. Џејмс ризикува со неговиот следен потег со избирање на Лука Дончиќ од Далас Маверикс, и покрај тоа што словенечката ѕвезда во подем, моментално лекува повреда на глуждот. „Кралот“ за последен стартер го избра лидерот по бројот на постигнати поени сезонава Џејмс Харден од „ракетите“ на Хјустон, додека Jанис ги надополни своите пет најдобри со Кемба Вокер од Бостон Селтикс и Треј Јанг од Атланта Хокс. Кога стигнаа до резервите, Адетекумбо отвори со неговиот тимски колега од Милвоки Бакс, Крис Мидлтон, додека Џејмс го избра Дамјан Лилард од Портланд Трејблејзерс. Во тимот на Јанис се најдоа и Бам Адебајо и Џими Батлер (Мајами Хит), Руди Гоберт и Донован Мичел (Јута џез), Кајл Лори (Торонто Рапторс) и Брендон Инграм (Њу Орлеанс Пеликанс). Џејмс ги додаде Бен Симонс (Филаделфија 76-еrs), Никола Јокиќ (Денвер), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Крис Пол (Оклахома Сити Тандер), Расел Вестбрук (Хјустон Рокетс) и Домантас Сабонис (Индијана пејсерс). „Нема погрешен избор. Има причина зошто сите тие се во Натпреварот на ѕвездите“, рече Џејмс. Од НБА лигата минатата недела објавија дека на „Ол стар“ викендот ќе му се оддадепочит на легендата на играта Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џана и седум други жртви на хеликоптерската несреќа во близина на Лос Анџелес на 26 јануари. Тимот Леброн ќе носи маици со број 2 - број што го носеше ќерката на Брајант за својот кошаркарски тим. Тимот Јанис ќе го носи бројот 24 во чест на Коби. Сите екипи ќе имаат девет sвезди за да ги одбележат жртвите од несреќата.

Остани поврзан