• среда, 18 декември 2024

Леброн за повреда на зглобот: Ќе бидам добро

Леброн за повреда на зглобот: Ќе бидам добро

Лос Анџелес, 7 март 2024 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ја објасни својата постапки на крајот од натпреварот со Сакраменто (120:130).

Џејмс отиде во соблекувалната без да чека сирената да го заврши натпреварот. Извор на „ESPN“ тврди дека проблемите на играчот се поради „прекумерна работа“.

Џејмс за 36 минути на паркетот постигна 31 поен и 13 асистенции.

- Ќе бидам добро. Јас сум само загрижен за мојот глужд. Ова продолжува и по Ол-стар паузата. Правам се што можам за да се справам со проблемот. Не станува збор за многу сериозна ситуација. Ја одиграв цела трета четвртина, одморив малку на почетокот на четвртата, а кога се вратив, проблем. Ова е она што ме загрижува. Во некои натпревари сè е подобро - против Оклахома воопшто не обрнав внимание. И денеска – до четвртиот, рече Џејмс.

Учеството на Џејмс на мечот против Кралевите беше доведено во прашање поради повреда на левиот зглоб. 

Настапот на големата НБА-ѕвезда на натпреварот со Милвоки бакс ноќта петок кон сабота останува неизвесен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан