• среда, 18 декември 2024

Леао: Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам

Леао: Не сакам да седам на клупата, но Фонсека носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам

Милано, 14 ноември 2024 (МАИ) – Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао проговори за односите со тренерот на Милан, Пауло Фонсека.

Во саботата, крилниот напаѓач ја прекина серијата од десет натпревари без гол за „Росонерите“ постигнувајќи гол во ремито (3:3) со Каљари. Португалецот нема стандардно место во стартниот состав.

-Ова се случува во текот на сезоната, немам ништо против него [Фонсека], исто како што тренерот нема ништо против мене. Прашањето е решено. Не сакам да седам на клупата, но тој носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам. И кога ќе излезам на теренот давам се што имам за да му помогнам на тимот, изјави Леао.

Милан на23 ноември ќе се соочи со Јувентус во дербито на 13. коло од Серија А. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан